Тексты и переводы песен /

Ouroboros | 2017

Болно ко помор во Содом со богот
Ко гомно во гробот, ко погром грозоморно
Потоп од Водно, полтронот во огнот
Со порок во дроб, басот до Косово
Ко после хорсот, посран простор
Ко во Конго копук на орос со прстот
Ноќно тројство, еден господ
Грамофонот со Tobin и Kondo
Illinformed-от, ирци Бостон
И Lee Scott-от, од Бронксот до Лондон
Простум нонстоп, сабат ноктурн
Долги плуќи ко еии-то на Костур
Мрсно срање ко крастер во сквотот
Грање дробно бројно, вино погон
Кругот полн ко Уроборос
Умот вон плот, умоболно
Еби Комптон, дај ми Бристол
Токио, исток, дај бит од Никто
Школа Миста, ушно порно
Класично ко Арматолос
Сонот ствар створен, свемир створен пак
Во подрумот, и рече Бог нека биде мрак
Продор во мозок, и таму ќе постои
Миста, Фајндер, Одиум и четири апостоли
Дај дим, ноир, џез драм, James Brown
Широко гладен блант, зен без престан
Не ќе преседат на ваков седатив
Бит Buddy Rich, гледам во телескопот низ
Векот иден, mad izm школа, против сите
Репрограма на матрицата, кодот е ситен
Канабиноидна мета-постава
Семе остава, возвишени до сржна коска, па
Организирана конфузија!
Keep it koming, со 90ти на инфузија
Крузам во црна дупка, во свемир кадилакот
Подрум, на спратот во мозок реже скалпот
Блантед мутација клетки праќам на ремонт
Во поседок формулата па секој ден е денот!
Штом старата школа зема замав
Стилот мора да е тврд, прљав и рапав
Тата мата, мастер класа опасно ко Bas Blasta
Упад со екипаж, дијагноза Mista, Masta
Доле сме со Dusted Wax почит до Варна
Блантовите преголеми ги палиме на клада
Вадам ган дај ми шат, имаме двоцефка
До јадрото на космосот со мислите процепав
Дочекав и ова да се деси
Трубите ги чадиме ко образите Gillespie